среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Серија А ги казни расистите, а санкции добија и играчите кои поцрвенеа

Серија А ги казни расистите, а санкции добија и играчите кои поцрвенеа

Италијанската Серија А ги изрече казните за инцидентите кои се случија на натпреварот меѓу Јувентус и Интер кој се играше во рамки на Купот на Италија.

Во финишот Интер доби пенал кој во гол го претвори Ромелу Лукаку. Белгиецот беше мета на расистички навреди, па бурно го прослави погодокот за реми, а судијата затоа му додели исклучување.

Потоа, изби тепачка во која учествуваа Хуан Квадрадо од Јувентус и Самир Хандановиќ од Интер, двајцата поцрвенеа. Комисијата ги разгледа сите случувања и ги изрече санкциите.

Ромелу Лукаку и Самир Хандановиќ добија по еден натпревар суспензија, со тоа што капитенот на Интер ќе мора да плати и 10.000 евра. Најдебелиот крај го извлече Хуан Квадрадо кој поради црвениот ќе паузира три натпревари, со казна од 10.000 евра.