четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Серија А сепак ќе му додели нов медал на Пиоли по инцидентот

Серија А сепак ќе му додели нов медал на Пиоли по инцидентот

Прес-службата на Серија А се обрати до тренерот на Милан, Стефано Пиоли, кому му го украдоа златниот медал добиен за освоениот трофеј во италијанскоте првенство.

– Господине Пиоли, утре повторно ќе ви дадеме медал“, објави лигата на Твитер.

Претходно Пиоли изјави дека медалот му бил украден за време на прославата на стадионот на Сасуоло.

Милан стана шампион за прв пат по 11 години. Последен пат клубот ја освои Серија А во сезоната 2010/11. За 56-годишниот тренер Пиоли ова е прв трофеј во неговата тренерска кариера. Тој на чело на Милан од 2019 година.