Колумбијската пејачка Шакира побарала од поранешниот сопруг Жерар Пике да прејде во Интер Мајами за да може да ги гледа децата, јавуваат денеска „Марка“ и „Ас“.
Славниот пар по разделувањето се обидува да ги договори условите околу старателството над децата и нивно гледање, а Шакира му рекла на Пике дека планира со синовите да живее во Флорида.
Сопственикот на Интер Мајами е славниот енглиски фудбалер Дејвид Бекам, а се пишува дека акции во клубот купил и Лионел Меси кој би можел таму да ја заврши кариерата.
Пике сака уште една сезона да одигра во дресот на Барселона, но клубот повеќе би сакал да расчисти со него поради финансиските проблеми кои ги имаат.
За иднината и можностите, Шакира и Пике треба да се сретнат на 4 август за да се договорат.