Полскиот напаѓач Роберт Левандовски постигна гол на вчерашниот натпревар против Шпанија.
Левандовски на европските првенства постигнал три гола и е првиот Полјак кој постигнал гол на три вакви турнири.
Вкупно во дресот на Полска напаѓачот на Баерн постигнал 67 гола. Тоа значи дека е на прагот да го надмине легендарниот Герд Милер кој во дресот на Германија постигнал 68 погодоци.
Фудбалерот против Шведска ќе има шанса да го изедначи рекордот. Освен ова, Полјакот стана првиот играч кој четири пати по ред ја освоил титулата најдобар стрелец во Бундеслигата.
Инаку, Левандовски 67 голови ги постигна на 118 натревари, додека Милер неговите на 62 натпревари во дресот на Германија.