сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шкендија, Академија Пандев, Струга и Брегалница во полуфиналето во Купот

Шкендија, Академија Пандев, Струга и Брегалница во полуфиналето во Купот

Екипите на Шкендија, на Академија Пандев, на Струга Трим Лум и на штипска Брегалница се пласираа во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија.

Шкендија без триумф во четвртфиналниот двомеч го елиминира Работнички. По ремито (1:1) во првиот меч во Тетово, денешниот нивни реванш заврши 2:2, па поради повеќе постигнати голови на гости, „црвено-црните“ останаа во игра за Куп трофејот.

Академија Пандев успеа да го одбрани минималниот триумф (1:0) над Шкупи на Чаир. Струмичани попладнево одиграа 1:1 на стадионот „Младост“ и обезбедија место во завршната четворка.

Фудбалерите на Струга Трим Лум како гости ја совладаа Ренова со 2:1 и ги елиминираа тетовци со оглед на ремито без голови во првиот меч.

Брегалница ја оправда фаворитската улога против Лабуништа. По победата со 1:0 во првата средба, штипјани денеска славеа и со 4:1 во реваншот и продолжија во полуфиналето.

Куп на Македонија – четврт-финале

Работнички – Шкендија 2:2 (прв меч 1:1)

Академија Пандев – Шкупи 1:1 (1:0)

Ренова – Струга Трим Лум 1:2 (0:0)

Лабуништа – Брегалница 1:4 (0:1)