четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шкендија го дозна противникот за второто коло, европски гигант доаѓа во Скопје

Шкендија го дозна противникот за второто коло, европски гигант доаѓа во Скопје

Доколку Шкендија го елиминира тимот на Номе Кљау против кој е огромен фаворит, во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите, веројатно, ќе налета на островскиот гигант, Селтик.

Шкотскиот клуб најпрво ќе мора да ја помине првата пречка, наречена Сараево, а босанскиот тим не би требало да претставува голем проблем на гигантот.

Шкендија во сезоната 2015/16 се соочи со шкотскиот Абердин и тогаш малку фалеше да помине во следната фаза, но тимот на Селтик е далеку поинаква приказна, па тетовскиот тим ќе има и тоа како тешка задача во второто коло.