Дуелот меѓу Вардар и Шкендија кое е големо дерби, оваа сезона е меч меѓу две екипи со сосема различен квалитет.Тоа го покажа и денешниот меч,кој лидерот во првенството го доби со убедливи 6-1.
Вардар денеска одлично почна, Мирчевски во 11. минута постигна убав гол за водство од 1-0, но до крајот на првииот дел Рамадани израмни на 1-1, а потоа Ибраими од пенал погод за комплетен пресврт и водство од 2-1. По четири минути игра во второто полувреме Ибраими постигна нов гол за водство од 3-1, а до крајот на мечот реализираа и Дориев, Хебај и Елези за конечни 6-1.
Слично како и Шкендија, само не толку убедливо победи Шкупи на гостувањето кај Силекс. Кратовскиот тим поведе со гол на Каракамишев во 15. минута, а потоа чаирскиот тим направи пресврт за три бода, Рутубаје, Диак Ламине и Реџиналдо ги постигнаа погодоците за Шкупи.
Академија Пандев дојде до важни три бода против Струга ТЛ и победи со 1-0 со гол на Велиновски во 29. минута и излезе од опасната зона.
Работнички се спаси од пораз на гостувањето кај Беласица. Струмичкиот тим имаше водство од 1-0 со гол на Гуџуфи во 18. минута, Петкоквски на минута пред крајот изедначи на 1-1.
Македонија Ѓорче Петрорв со гол на Чарлестон во 93. минута дојде до победа кај Ренова од 2-1. Домаќините поведоа со гол на Шефити во 16. минута, израмни Алексовски во 36. минута.
Утре се игра последниот натпревар од колото каде Борец го пречекува Пелистер.
Табела 24. коло:
1. Шкендија 53
2. Шкупи 46
3. Македонија ЃП 41
4. Струга ТЛ 34
5. Работнички 33
6. Борец 32 (-1)
7. Пелистер 28 (-1)
8. Академија Пандев 28
9. Вардар 27
10. Силекс 26
11. Ренова 24
12. Беласица 14
Фото: ФК Шкендија