Двата македонски претставника во првото квалификациско коло од Конференциската лига, денеска ги добија своите противници.
На извлекувањето во Нион, Академија Пандев за ривал го доби Лехија Гданск од Полска, додека Шкендија ќе се соочи со Арарат од Ерменија.
Шкендија треба првиот меч да го игра на домашен терен, струмичани ќе гостуваат.
Првите натпревари се закажани за 7 јули, реваншите седум дена подоцна.
Победникот на Купот на Македонија, екипата на Македонија ЃП директно се пласира во второто коло.