Актуелниот фудбалски шампион Шкендија оствари убедлива победа од 4-0 против Македонија ЃП со што го искористи киксот на Шкупи во Струга да фати приклучок кон врвот на табелата во ПМФЛ.
Домашните го отворија резултатот преку Бесарт Ибраими во 6-тата минута и на следните голови се чекаше до самиот финиш кога блесна Дориев со два погодоци и младиот Елези со што Шкендија ја потврди убедливата победа против тимот од Ѓорче Петров од 4-0.
Првата победа во домашното првенство за Скопје и тоа со 1-0 против Пелистер. Стрелец на златниот погодок за домаќинот беше Јашаровски по што Пелистер останува без постигнат гол во годинешново првенство.
Фудбал ПРВА МФЛ 4.коло
Борец – Брегалница 1-1
Скопје – Пелистер 1-0
Работнички – Тиквеш 2-1
Шкендија – Македонија ЃП 4-0
Струга ТЛ- Шкупи 4-2
А. Пандев – Ренова
Борец – Брегалница 1-1
Скопје – Пелистер 1-0
Работнички – Тиквеш 2-1
Шкендија – Македонија ЃП 4-0
Струга ТЛ- Шкупи 4-2
А. Пандев – Ренова
Табела по 4 коло:
1. Струга ТЛ 8
2. Академија Пандев 7 (-1)
3. Ренова 7 (-1)
4. Шкупи 7
5. Работнички 7
6. Македонија ЃП 6
7. Шкендија 5
8. Скопје 5
9. Брегалница 4
10. Борец 4
11. Тиквеш 1
12. Пелстер 0