Со одиграните шест натпревари во Првата македонска фудбалска лига се комплетираше петтото коло во нашиот фудбалски шампионат, по кое имаме нов лидер на табелата во тимот предводен од Гоце Седлоски. Шкупи го презема приматот на Академија Пандев која попладнево за првпат загуби во новата натпреварувачка сезона, додека чаирчани на домашен терен беа поуспешни од Скопје со убедливи 4:0.
Од натпреварите во главниот град, навистина возбудливо беше во Ѓорче Петров каде Македонија го победи Борец со 3:2, натпревар на кој сите пет гола беа постигнати од двајца играчи. Адем со хет-трик го урна Борец и се погрижи за победа од 3:2, учинок со кој ги неутрализираше двата погодоци на Трајкоски.
Академија Пандев поведе на гостувањето во Штип кај Брегалница со 0:1 во првиот дел, но во второто полувреме се случи комплетен пресврт. Ескиќ израмни на 1:1, „пандевци“ се вратија во водство со голот на Мирчевски, но Ѓокиќ и Алтипармаковски со гол во 93-та минута ги шокираа гостите од Струмица за славје од 3:2.
Шкупи на домашен терен беше сигурен против Скопје и победи со 4:1 за прво место на табелата, додека нов кикс забележа Шкендија која не победи и одигра 2:2 против Пелистер.