четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шкендија во хумана акција, пакетчиња за деца со посебни потреби

Шкендија во хумана акција, пакетчиња за деца со посебни потреби

Фудбалерите на Шкендија вчера ги посетија децата со посебни потреби во Дневниот центар и во специјализираната паралелка што функционира во рамките на Основното училиште „Лирија“ во Тетово.

Егзон Бејтулаи и Флорент Рамадани, продолжувајќи ја традицијата да ги посетуваат децата во пресрет на крајот на годината, им доделија новогодишни пакетчиња.

Посакувајќи им на децата здравје и среќа во наредната година, фудбалерите на Шкендија ја пренесоа пораката дека сите заедно, што повеќе да ги промовираме општествените обврски кои секој од нас ги носи и заедно да изградиме позитивна атмосфера во државата во која живееме.