среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шкендија заборави да победува, денес поразена од Ренова

Шкендија заборави да победува, денес поразена од Ренова

Ниту тренерската смена не носи подобри резултати за македонскиот фудбалски шампион Шкендија, по серијата порази во Европа, тетовскиот тим разочарува и во домашното првенство.

Шкендија во првото коло одигра 0-0 кај Тиквеш, а сега како домаќин загуби од Ренова со 2-1. Ренова имаше водство од 2-0 со голови на Јусуфи и Селмани, Шкендија преку Дориев само го ублажи поразот.

Шкупи со погодоци на Фаустин и Алварез дојде до триумф од 2-0 над Македонија Ѓорче Петров.

Борец во судиското продолжение со гол на Манасиев го победи Тиквеш со 2-1. Претходно велешкиот тим поведе со гол на Ѓорѓиев со 52. мнута, а Вареловски четири минути подоцна изедначи на 1-1.

Струга Трим Лум со гол на Скендери во 60. минута го победи Пелистер со 1-0.

Немаше голови на дуелот меѓу Скопје и Брегалница.

Дербито меѓу Академија Пандев и Работнички се игра вечерва од 20 часот.

Резултати:

Борец – Тиквеш 2:1

Скопје – Брегалница 0:0

Шкендија – Ренова 1:2

Шкупи – Македонија 2:0

Струга – Пелистер 1:0