сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шкупи ја доби казната за инцидентот со Шкендија во Купот на Македонија

Шкупи ја доби казната за инцидентот со Шкендија во Купот на Македонија

Екипата на Шкупи ја доби казната за инцидентот кој неговите навивачи го направија на средбата со Шкендија во четврфиналето на Купот на Македонија.

Чаирчани таа средба ја загубија на зелена маса со службени 3-0, но тоа беше само почеток на санкцијата која сега ја одреди Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија. Актуелниот шампион е казнет со шест натпревари неиграње на Чаир и ќе мора да биде домаќин 100 километри надвор од Скопје.

Ова е казната за Шкупи кој дуелот со Скопје го играше во Кичево, па се очекува да ги пречекува противниците во овој град.