Реал Мадрид и Барселона денеска го играат првото сезонско Ел Класико.
Реал и Барселона се среќаваат во деветтото коло од шпанската Ла Лига и извесно е дека на „Сантијаго Бернабеу“ не очекува уште една спектакуларна пресметка меѓу лутите ривали.
Барселона го пречекува Ел Класико по ремито против Интер и многу лоши резултати во Лигата на шампионите, додека атмосферата во соблекувалната на кралскиот клуб секако е подобра, што може да му донесе предност на актуелниот шампион на Шпанија.
Дека атмосферата во тимот на Реал Мадрид е на одлично ниво се виде и на вчерашниот тренинг, а во центарот на вниманието беше Лука Модриќ.
Искусниот хрватски играч за врска уште еднаш ја покажа својата магија на тренингот на Реал Мадрид и ги остави во шок и неверување соиграчите.
Имено, на тренинг имаа предизвик да постигнат гол без топката да падне на земја пред ударот. Првиот допир беше да се прими топката и потоа да се удри пред да удри на теренот.
Кога дојде редот на Модриќ, видовме уште еден спектакл во режија на искусниот играч за врска. Неговиот прв допир не беше најдобар и имаше проблем да ја спречи топката да оди на земја, но потоа некако успеа да упати удар во мрежата.
Неговите соиграчи беа шокирани, но и воодушевени од тоа што го направи Модриќ, а тој уште еднаш покажа за каков мајстор е.