среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ШОК ВО СРБИЈА: Дејан Станковиќ ја напушта Црвена ѕвезда

ШОК ВО СРБИЈА: Дејан Станковиќ ја напушта Црвена ѕвезда

Фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда ја информира јавноста дека Дејан Станковиќ денеска поднел неотповиклива оставка од функцијата шеф на стручниот штаб.

Станковиќ се прости од сите во клубот и им се заблагодари за успешната соработка, а потоа ја објасни својата одлука:

-Сега по третиот обид да ја воведам во Лигата на шампионите се чувствувам целосно празно, бидејќи не успеав да и дадам на мојата најголема љубов она што најмногу го посакував. Не можам да продолжам. Дадов се од себе. Сега некој друг треба да се обиде. За мене овие три години се најубавиот дел од фудбалскиот живот. Нешто што дополнително ме изгради, ме правеше подобар и подобар. Благодарност до играчите, управата и навивачите кои се одговорни за тоа. Секогаш ја чувствував нивната поддршка. Токму затоа одлучив да заминам во знак на благодарност и посакувам Ѕвезда секогаш да биде најдобра. Ви благодариме на сите за прекрасното време на Маракана. Верувам дека годините на успех се само пред клубот, а јас секогаш ќе бидам тука за мојата Ѕвезда, секогаш со целото мое срце, бидејќи Ѕвезда е живот, а останатото се ситници,  ја објасни својата одлука Дејан Станковиќ.

Дејан Станковиќ ја напушта функцијата прв човек на професионалниот клуб Црвена Ѕвезда како освојувач на двојната круна, учесник во групната фаза од Лига Европа.