среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шпанија е прв финалист на СП за жени

Шпанија е прв финалист на СП за жени

Шпанската фудбалска репрезентација ќе игра во финалето на Светското првенство (СП) за жени, откако денеска беа подобри од Шведска со 2-1.

„Црвената фурија“ постигна гол за водство преку Салма Паралуело во 81. минута од натпреварот, додека Шведска потоа израмни на 1-1 преку Ребека Бломквист.

Шведска само една минута по голот на Бломквист се распадна затоа што Олга Кармона Гарсија погоди и обезбеди победа за Шпанија.

Шпанија во финалето на СП за жени го чека подобриот од мечот меѓу Австралија и Англија.