Нов лидер на табелата во Шпанското фудбалско првенство е Реал Мадрид, откако доцна синоќа на гостински терен го победи Реал Сосиедад со 2:1 во дуел од 30. коло.
Микел Марино погоди кај домаќините, додека Серхио Рамос и Карим Бензема беа стрелци за мадридскиот тим.
За Реал Мадрид ова беше трета победа во низа по која собра 65 бода исто колку што има и Барселона.
Реал Сосиедад е седми со 47 бода.