петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шпанија, Шкотска и Турција се пласираа на Европското првенство наредната година

Шпанија, Шкотска и Турција се пласираа на Европското првенство наредната година
epa10920973 Spain's Gavi celebrates scoring the 0-1 goal during the UEFA EURO 2024 group A qualifying soccer match between Norway and Spain, in Oslo, Norway, 15 October 2023. EPA-EFE/FREDRIK VARFJELL NORWAY OUT

Шпанија со 1-0 славеше на гостувањето кај Норвешка, а тоа значи дека тие и Шкотска се пласираат од оваа група, на Европско првенство оди и Турција, најголеми губитници се Хрватите кои веќе не одлучуваат сами.

Со гол на Гави во 49. минута, Шпанија со 1-0 славеше на гостувањето кај Норвешка.Норвежаните со овој пораз ги загубија сите шанси за едно од првите две места, тие имаат уште еден меч до крајот, а пет бода помалку од Шпанија и Шкотска.

Хрватска со 2-1 загуби на гостувањето кај Велс, два порази по ред за коцкастите во овие квалификации и сега ќе бараат помош од Турција која со денешната победа над Летонија од 4-0 избори пласман на Европското првенство.

Ако не успее Хрватска да се пласира преку квалификациите, ќе може тоа да го направи преку Лигата на нации.

Во останатите денешни натпревари Полска киксна против Молдавија, одигра само 1-1, Романија со 4-0 ја совлада Андора, Швајцарија и Белорусија одиграа 3-3, Чешка со 1-0 ги совлада Фарските острови, а Грузија со 4-0 беше подобра од Кипар.