Европските клубови будно ќе ги следат натпреварите на ЕП во наредниот месец и ќе се обидат да пронајдат млади ѕвезди со кои би можеле да го зголемат квалитетот на ростерот во иднина.
Македонските репрезентативци ќе дебитираат на Европското првенство, а Елиф Елмас е младиот „бисер“ на македонскиот фудбал кој е интересен за многу светски медиуми
„Гардијан“ го најави како човек од кого ќе треба да внимаваат сите противници на Македониа, а шпанскиот „АС“ го смести на листа од пет имиња кои би можеле да блеснат на турнирот.
Заедно со него се Нуно Мендез од Португалија, Фил Фоден од Англија, Дани Олмо од Шпанија и Рајан Гравенберх. Од овие пет млади таленти шпанскиот престижен весник очекува големи нешта на континенталниот собир.