Неколку клубови во Шпанија се подготвени да платат 30 милиони евра за трансфер на српскиот фудбалер Никола Миленковиќ од Фиорентина, објави „Кориере дело Спорт“.
Младиот фудбалер го привлече вниманието на екипи од Примера, само една сезона по неговото доаѓање во Италија.
Тој во Фиорентина дојде од Партизан за 5,1 милиони евра.
Овој 20-годишен дефанзивец одигра 11 натпревари во Серија А и драстично ја зголеми неговата пазарна вредност.