четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Шпанскиот фудбалер Педри сруши рекорд на Европските првенства

Шпанскиот фудбалер Педри сруши рекорд на Европските првенства

Фудбалската репрезентација на Шпанија играше против Хрватска во осминафиналето на Европското првенство (ЕП), а шанса во првиот тим на „црвената фурија“ доби младиот и талентиран Педри, кој постави нов рекорд.

Педри на само 18 години и 215 дена стана најмладиот стартер во нокаут-фазата на ЕП и така го урна рекордот на Вејн Руни од 2004 година, кога заигра на 18 години и 244 дена.