вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Што му кажа Меси на Левандовски по крајот на синоќешниот натпревар? ( ВИДЕО)

Што му кажа Меси на Левандовски по крајот на синоќешниот натпревар? ( ВИДЕО)

Лео Меси имаше краток разговор со Роберт Левандовски по крајот на натпреварот помеѓу Аргентина и Полска, напаѓачот на ПСЖ вели дека работите што се кажуваат на теренот, треба да останат таму.

Лео Меси и Роберт Левандовски беа во фокусот на синоќешниот натпреварот помеѓу Аргентина и Полска. Во завршните мигови, Полјакот го фаулираше Аргентинецот, му подаде рака во знак на извинување, но капитенот на „гаучосите“ само го игнорираше.

Двајцата сепак се поздравија по последниот свиреж на судијата и разменија неколку зборови, сепак со рацете ги покрија своите усти за да не може да се забележи што разговараат. Лео Меси му кажа нешто на Роберт Левандовски, кој потоа потпраша нешто а Аргентинецот потврдно климна со главата.

Навивачите на Барселона се надеваат дека двајцата разговарале за евентуално враќање на Лео Меси на Камп Ноу.

Аргентинецот беше запрашан за ситуацијата и тој само кратко одговори: „Она што се случува на теренот, останува на теренот. Нема да ви откријам што си кажавме со Левандовски“.