недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шведска до бронзен медал на женското СП

Шведска до бронзен медал на женското СП

Репрезентацијата на Шведска е освојувач на бронзениот медал од Светското првенство за жени, откако во натпреварот за третото место извојува победа над домашната Австралија со резултат 2-0.

„Кенгурките“ имаа огромна поддршка од речиси 50.000 навивачи на стадионот во Бризбејн, но тоа не беше доволно за да се закитат со едно од сјајните одличија на овој Мундијал.

Швеѓанките без поголеми проблеми ја надиграа домашната селекција и славеа со сигурни 2-0, а победата ја најавија уште во првото полувреме, кога Ролфу стрелаше прецизно од пенал во 30. минута.

Второто полувреме донесе малку поангажирана игра на Австралијанките, но Шведска беше преискусна за да дозволи изненадување и успеа рутински да го затвори мечот во своја полза.

Конечните 2-0 ги постави Акланд, која ја затресе мрежата во 62. минута и го трасираше патот на својот тим кон бронзениот медал од ова Светско првенство.