Тиквеш по 17 години се враќа во ПМФЛ, попладнево со 1-0 го изненади Силекс и го испрати во втора лига, Ренова на пенали беше подобра од Охрид и обезбеди уште една сезона во најсилното првенство на Македонија.
Клучниот момент се случи на стартот од вториот дел, Спахиу доби одлична топка се најде осамен пред голманот и реализираше за 1-0. Силекс силно притисна во финишот, креираше неколку шанси, но не реализираше ниту една па следната сезона ќе игра во Втора лига а Тиквеш после 17 години се враќа во Првата лига.
На вториот натпревар, Ренова на пенали беше подобра од Охрид. На теренот на ФФМ, Охрид беше многу блиску до победа, но голманот подари гол во 89. минута за 2-2.
„Гипсарите“ потоа ја искористија психолошката предност и беа подобри во пенал серијата за уште една сезона во најсилното првенство на Македонија.