петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Симеоне може да ја предводи репрезентацијата на Аргентина

Симеоне може да ја предводи репрезентацијата на Аргентина

Аргентинската фудбалска федерација размислува да го покани Диего Симеоне на функцијата селектор на националниот тим, пренесува „Ел Чирингито“.

Договорот на 50-годишникот со Атлетико е потпишан до крајот на сезоната 2021/22.

Симеоне го предводи Атлетико Мадрид од декември 2011 година. Под негово водство, тимот ја освои шампионската титула, Купот на Шпанија и Суперкупот, двапати Лигата на Европа, два УЕФА Суперкупа, а исто така играше двапати во финалето на Лигата на шампионите.

Како фудбалер, Симеоне одигра 104 натпревари за Аргентина (петти во историјата) и постигна девет голови.

Во моментов Аргентинците ги предводи Лионел Скалони.