петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Сите го тролаат Клоп: Каде е финалето? Во Истанбул? Резервирајте хотел!

Сите го тролаат Клоп: Каде е финалето? Во Истанбул? Резервирајте хотел!

Реал Мадрид повторно успеа да го победи Ливерпул. По финалето на Лигата на шампионите од минатата сезона кога „кралевите“ победија со 1-0 во Париз, осминафиналето на елитното европско натпреварување донесе нов дуел на овие великани и повторно според победата од 2-5 Реал ќе биде кобен за „црвените“.

По вчерашниот натпревар голем број љубители на фудбалот се сетија на зборовите на менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп по финалето во Париз. Тој им порача на сите да резервираат место во Истанбул за финалето оваа сезона.

„Не е лоша работа да се стигне до финалето. Тоа е одреден вид на успех, иако не сакате да го сметате за успех“, рече Клоп во Париз, додавајќи:

“Имам силно чувство дека повторно ќе играме. Овие момци се исклучително конкурентни и се одлична група. Така ќе биде и следната сезона. Каде е финалето следната сезона? Истанбул? Резервирајте хотел”, изјави Клоп.

Многумина се сетија на овие зборови по вчерашниот натпревар против Реал Мадрид. Коментарите се брутални.

„Можеби сакаше само да го гледа тој натпревар со своето семејство“, беше само еден од „лудите“ коментари кои се појавија на социјалните мрежи по понижувањето на „црвените“ на „Енфилд“.