четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Сите ја коментираа реакцијата на Донарума за последниот пенал, голманот открива зошто не славел

Сите ја коментираа реакцијата на Донарума за последниот пенал, голманот открива зошто не славел

Голманот на Италија, Џанлуиџи Донарума објасни зошто не го прослави крајот на пенал-рулетот во финалето на ЕВРО 2020 против Англија (1:1, 3:2 на пенали).

Дваесет и двегодишниот голман му донесе победа на тимот, одбранувајќи го ударот на играчот од средниот ред Букајо Сака во петтата серија.

-Не тргнав да славам затоа што не знаев дека е крај и дека со таа одбрана победивме, призна Донарума.

Италија во неделата по втор пат стана европски шампион, а Донарума беше прогласен за најдобар играч на 16. континетален шампионат. (МИА)