Голманот на Аргентина Емилијано Мартинез прими два гола од два шута што ги упатија фудбалерите на Холандија во текот на четвртфиналето на СП во Катар, но тоа не го скрши победничкиот дух на голманот на Гаучосите.
Кога дојде време да се шутираат пеналите за дасе дознае патникот во полуфиналето, Еми Мартинез сјајно започна. Во првите две серии тој ги одбрани ударите на Ван Дајк и Бергхус и на својата селекција и даде голема резултатска, но и психолошка предност. На крајот, Аргентина победи со 4:3 на пенали, а Лаутаро Мартинез го погоди последниот удар од белата точка за Гаучосите.
По погодокот на Лаутаро, сите фудбалери на Аргентина се стрчаа кон него за заедно да прослават, освен Меси. Капитенот на Аргентина тргна на спротивната страна, таму каде што лежеше голманот Еми Мартинез. Меси знаеше дека голманот со две одбрани е вистинскиот јунак на Аргентина и затоа прво со него реши да ја прослави победата.
All Argentina players ran to the fans after the winning penalty but Messi went to celebrate alone with Emiliano Martínez…❤️🐐pic.twitter.com/MkzfCVX1Sh
— Hamza 🇦🇷 (@lapulgafreak) December 9, 2022