Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело синоќа ја искористи приликата да го провоцира најголемиот ривал, Барселона.
Реал се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите по спорната одлука за пенал во судиското продолжение, по што Роналдо го извлече кралскиот клуб од калта.
Марсело по натпреварот наместо да ја коментира одлуката на судијата Мајкл Оливер, тој ги провоцираше навивачите на Барселона.
-Пеналот е чист како солза. Нас нема и не може да ни се случи она што и се случи на Барселона, ние сме Реал Мадрид, рече Марсело.
Барселона пред два дена испадна од Лигата на шампионите, откако на „Олимпико“ загуби од Рома со 3:0.