петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Сите знаат дека Елмас е вонсериски талент за фудбал, а само малкумина дека Елиф е роден ММА борец: Волшебник на теренот, „ѕвер“ во октагонот! (ВИДЕО)

Сите знаат дека Елмас е вонсериски талент за фудбал, а само малкумина дека Елиф е роден ММА борец: Волшебник на теренот, „ѕвер“ во октагонот! (ВИДЕО)

По Дарко Панчев и Горан Пандев, Елиф Елмас е најголемата и најуспешна македонска фудбалска ѕвезда. Толку млад, а веќе со шампионска титула со Наполи во една од најсилните фудбалски лиги од европската петорка – италијанското Калчо.

Дека Елмас е е вонсериски талент за фудбал, сите знаат. Волшебник на зелениот терен, магионичар со топката… Но, само на малкумина им е познато дека Елиф е роден талент и за некои други спортови. Природно надарен за боречките на пример, како што се Кикбокс, ММА, УФЦ или Џиу Џицу… Така што колку и да ви изгледа нежен и кршлив, волшебникот од зелениот тревнат терен, всушност е вистински „ѕвер“ во октагонот, како што го нарекуваат мрежестиот ринг за споменатиот вид борби во спортот кој е се’ само не нежен.

Дека е тоа така, потврдуваат и видеата кои осамна на Инстаграм приказните на тренерот Ивица Алексовски, односно познатиот македонски центар за ваков вид боречки вештини “The Strongest“.

Елмас беше кај нив на гости па сам решил или тие го кандисале да се обиде да проба за да види како изгледа да си кикбоксер или ММА борец… Опремата на него и еве го Елиф како силно удира… И тоа за прв пат како како кикбоксер.

Лева-десна, потоа една ескиважа, па уште една и на крај неколку завршини удари во плексусот на противникот, во случајов спаринг партнерот, кој по тренингот за Елмас ќе каже само едно: „Природно, роден талент“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CalcioNapoli24 (@calcionapoli24.it)

Потоа уште малку таканаречени „Муаи-таи“ вежби, кои колку и да се тешки, Елиф не само што машки ги издржа, туку и покажа дека со него нема шега… Но, тоа не е се.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CalcioNapoli24 (@calcionapoli24.it)

„Добриот глас надалеку се слуша“, а врвниот мултиталент надалеку се гледа, па тренингот со боречките вештини не остана незабележан и во Италија. Така италианскиот calcionapoli24.it ја сподели веста со фото и видеоклипче на кое се гледа како Елмас покрај кикбоксот ги демонстрира и неговите џију – џицу, односно ММА боречки вештини со својот спаринг партнер, покажувајќи дека вистински мултиталент за секој спорт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CalcioNapoli24 (@calcionapoli24.it)

„Елмас одржува кондиција во Македонија и со ММА“, „Елмас ‘дели лекции’ од ММА“, „Елмас верзија на Роки Балбоа“… се само некои од насловите што осамнаа во Италија.

Новата сезона во Калчото набргу започнува, а и настапите на Наполи во Лигата на шампионите… Оние одбрамбени играчи што ќе го чуваат нашиот „дијамант“ нека му ја мислат. Фер плеј и надигрување – може, ама да не им падне напамет некоја глупост да направат грубост… Впрочем, убаво нека ги прегледаат видеава пред и да помислат!

Фото: Инстаграм принтскрин/elifelmas24/thestrongestmacedonia/calcionapoli24.it