Манчестер Сити е новиот шампион во Премиер лигата откако градскиот ривал, Манчестер Јунајтед денеска загуби дома од ВБА со 0:1.
Единствениот погодок го постигна Џеј Родригез во 76. минута од средбата. Со оваа победа ВБА ги задржа теоретските шанси за опстанок.
Манчестер Сити на пет кола пред крајот сезоната е на 16 бодови предност пред Јунајтед, па отсега и математички ја обезбедија титулата. Вчера Сити славеше на гостувањето против Тотенхем со 1:3.