Шпанскиот гигант претходно испрати понуда од 170 милиони евра плус 10 милиони во бонуси, но таа беше одбиена од страна на парижаните, кои побараа 200 милиони евра.
„Кралевите“ почекаа пред да ја сменат нивната понуда, односно му понудија на францускиот гигант 170 милиони евра веднаш и 30 милиони евра преку бонуси, но ПСЖ не одговори на последната понуда и тоа го изнервира претседателот на Реал, Флорентино Перез кој решил да ги прекине преговорите.
Ова би можело да биде голем проблем за „светците“ кои имаат договор со Мбапе до следното лето, а Французинот веќе неколку пати одби да ја продолжи соработката со нив, па би можеле да го загубат целосно бесплатно.