Пред средбата Аргентина и Хрватска, своите очекувања ги изнесе аргентинскиот селектор Лионел Скалони.
„Очекувам тесен натпревар. Хрватска е одлична екипа, се гледа нивното заедништво, но не треба овој да се спореди со претходниот натпревар од пред четири години. Сите Аргентинци се надеваат на победа. Играме за својот народ, за своите семејства. Што се однесува до Хрватска, тие имаат специфична игра. Ниту цело време не се бранат, ниту цело време напаѓаат. Имаат одличен тим и долга традиција. Нема да зборувам за слабите и силните страни на Хрватска, но ги анализиравме. Задоволство е да се гледа Лука Модриќ и неговата игра, тој ми е идол. Ако го сакате фудбалот, не можете да не го сакате Модриќ“, рече младиот аргентински стратег