Тимот вчера претрпе пораз во финалето на Купот на Франција од Рен после изведувањето на пенали, а тој пораз очигледно тешко им падна на ѕвездите на францускиот клуб.
Килијан Мбапе доби црвен картон за жесток старт во 118 минута, а Нејмар после натпреварот направи скандал со удирањето на еден навивач. Фанот ги провоцираше играчите на ПСЖ кои се упатуваа кон ложата, а на неговите провокации Бразилецот не успеа да издржи и да не му возврати.
После натпреварот Нејмар призна дека не требало да изреагира на тој начин.
„Требаше ли да постапам така? Дефинитивно, не. Но, тешко е да се остане мирен во такви ситуации“, изјави Нејмар.
Neymar fighting a fan after the final ? pic.twitter.com/lix1Nrkhux
— Juan Velazquez (@JuanDirection58) April 28, 2019