четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Скандал на Роналдо – го напушти стадионот пред крајот на мечот со Рајо

Скандал на Роналдо – го напушти стадионот пред крајот на мечот со Рајо

Откако речиси еден месец ги избегнуваше подготовките на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо вчера настапи на подготвителниот натпревар против Рајо Ваљекано и дополнително го налути навивачите на својот клуб.

Не само што одигра катастрофално што и не е изненадување ако се знае дека не тренираше со своите соиграчи, туку го напушти Олд Трафорд пред крајот на натпреварот.

Излезе од игра на полувреме, а во 80. минута веќе беше на пат кон дома со што ги понижи своите соиграчи и стручниот штаб.

Дел од навивачите го пречекаа пред стадионот и побараа автограми од него, но оние најзагреаните му се лути поради неговото однесување.