сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Следната сезона во Ла Лига ќе се игра пред гледачи

Следната сезона во Ла Лига ќе се игра пред гледачи

На гледачите ќе им биде дозволено да присуствуваат на натпреварите од шпанската Ла Лига следната сезона. Шпанската влада објави дека навивачите ќе можат да ги посетуваат стадионите од почетокот на новата сезона на шампионатот.

Во моментов не е прецизирано дали на клубовите ќе им биде дозволено целосно или делумно да ги полнат стадионите.

На крајот на минатата сезона во одредени региони на Шпанија, на ограничен број гледачи веќе им беше дозволено да присуствуваат на фудбалски натпревари.