понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Со минута молк од утре ќе започнуваат сите репрезентативни натпревари

Со минута молк од утре ќе започнуваат сите репрезентативни натпревари

УЕФА соопшти дека на сите репрезентативни натпревари до крајот на репрезентативната пауза, почнувајќи од недела, ќе има едноминутно молчење.

На овој начин фудбалерите и навивачите ќе им оддадат почит на жртвите во страшниот земјотрес што ноќта меѓу петокот и саботата го погоди Мароко и однесе повеќе од илјада животи.

-Нашите мисли се со народот на Мароко во овие тешки моменти“, објави УЕФА преку својот официјален Твитер профил.

Во неколку марокански градови, земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала уништи згради и ги натера луѓето да ги напуштат своите домови.

Според досегашните податоци на Министерството за внатрешни работи, повеќе од 1.000 луѓе загинаа, а над 700 се во критична состојба.