четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Со победа вечер Реал ја освојува 34. титула

Со победа вечер Реал ја освојува 34. титула

Реал Мадрид вечерва го пречекува Виљареал во натпревар кој може да му ја донесе титулата број 34 шампион на Шпанија на коло до крајот.

„Кралевите“ имаат 83 бодови, или 4 повеќе од второпласираната Барселона. Вечерва со почеток во 21:00 часот на „Алфредо Ди Стефано“ стадионот мадриѓаните ќе се обидат преку Виљареал да ја осигурата титулата. Барса во истото време ја пречекува Осасуна, но со победа на Реал победата на Каталонците би била пирова.

Освен отсуството на повредениот Марселу, Зинедин Зидан нема други проблеми. За разлика од него, Хавиер Каљеха не може да смета на колумбискиот голгетер Карлос Бака.

„Сигурно ова ќе биде најтешкиот натпревар од тие што ги имавме во последно време. Виљареал е екипа која покажа дека знае да игра и е многу комплициран ривал. Сите во нашиот клуб мислиме на овој натпревар и на ништо друго“, рече Зидан за вечерашната пресметка.

Реал е фаворит, но бодовите им се потребни и на гостите кои грчевито се борат за пласман во Лига Европа. На две кола до крајот се петти со 57 бодови, три повеќе од Хетафе и Реал Сосиедад и шест од Атлетик. Најлошото сценарио со два пораза може да ги исфрли на 8. место бидејќи Атлетик со две победи би се израмнил бодовно со Виљареал, а поради подобар меѓусебен скор би ја оставил „Жолтата подморница“ без пласман во Европа.

Доколку ова коло не го даде шампионот, тогаш тоа би се решавало в недела кога Реал му гостува на Леганес, а Барса патува кај Алавес.