среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Солари: Ако сакаме трофеи мора да сме подготвени на борба

Солари: Ако сакаме трофеи мора да сме подготвени на борба

Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, рече дека неговиот тим сосема заслужено се пласира во полуфиналето на шпанскиот куп и дек асо нетрпение го чека следниот ривал.

– Играчите го заслужија овој резултат. Тие сериозно ја сфатија работата и со концентрација, посветеност, борба победија. Имавме предност од првиот натпревар, но моравме да се соочиме со тешка гостинска игра со многу добар тим, кој е многу силен дома. Следниот натпревар е уште една битка на патот кон трофејот и ние мора да играме на ист начин како со Џирона.

Полуфинале? Постојат три одлични тимови, од кои еден ќе ни се падне нас. Двете полуфиналиња ќе бидат убави и предизвикувачки. Ќе им пријдеме со радост и ентузијазам. Ако сакате да ги освоите сите титули, мора да бидете подготвени да се борите. Ние сме на вистинскиот пат, рече Солари.

Реал со две победи над Џирона избори полуфинале во Копа дел Реј кад еќе се сретне со Барселона, Валенсија или Бетис.