Сантијаго Солари е најдобриот тренер дебитант на клупата на Реал Мадрид во последните 61 година. Тој стартуваше со две победи, а последен тоа пред него го направил Луис Карниља во далечната 1957 година.
Реал предводен од Солари вчера го победи Ваљадолид со 2:0, а претходно славеше во купот против Мелија со 4:0.
Солари во моментов е привремен тренер на Реал по отпуштањето на Хулен Лопетеги. Има најави дека е можно негово останување на функцијата, доколку „кралскиот клуб“ продолжи со добрите резултати.
Реал во моментов е на 6.место во Примера со 17 бодови, седум помалку од лидерот Барселона. (МИА)