Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер се сретна со главната трансфер цел на клубот – напаѓачот на Ред Бул Салцбург – Ерлинг Холанд.
Деветнаесет-годишниот Холанд стана сензација на европскиот фудбал оваа есен по неговиот одличен настап за Австрија и Лигата на шампионите, откако веќе беше поврзан со трансфер во неколку гиганти од Стариот континент. Претходно оваа недела, норвешкиот репрезентативец ги посети базите на РБ Лајпциг и Борусија Дортмунд, а вчера имаше средба со неговиот сонародник Солскјер, пренесува „Дејл Мејл“.
Тренерот на „црвените ѓаволи“ се обидел да го убеди Холанд да ја избере понудата на Јунајтед, а англискиот клуб има за цел да го привлече талентот уште во јануари.
Според таблоидот, друга голема мета за Манчестер Јунајтед е играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Саул Нигез, но „црвените ѓаволи“ се свесни дека таков трансфер нема да се случи во јануари и тие ќе чекаат летото да ја започнат својата офанзива за шпанскиот репрезентативец.