Рома вчера беше поразена од Севиља по изведувањето на пенали во Лигата на Европа, а по поразот емоциите не можеше да го сокрие и Паоло Дибала кој плачеше како мало дете.
Дибала го постигна голот за Рома во првото полувреме, но тој не беше доволен затоа што Севиља изедначи, а потоа дојде и до трофејот.
За Дибала ова беше прва сезона во Рома откако дојде од минатото лето од Јувентус.