Фудбалерот на Тотенхем, Сон Хју Мин, рече дека не сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, туку да остане во редовите на лондонскиот премиерлигаш.
„Имам многу работи да направам во Премиер лигата. Парите сега не ми значат ништо, важна е гордоста за играње фудбал, да играм во мојата омилена лига. Повеќе сакам да играм за Тотенхем во Премиер лигата“, изјави Сон.
За јужнокорејскиот репрезентативец е заинтересиран судискиот прволигаш Ал Итихад, но Тотенхем не сака да го продаде Сон на саудискиот клуб.
Ал Итихад денеска објави дека потпишал тригодишен договор со францускиот репрезентативец Н’Голо Канте, кој во клубот од Џеда му се приклучи на својот сонародник Карим Бензема.