Сексуалниот терапевт Вера Рибеиро, инаку сопругата на голманот на португалската репрезентација Руи Патрисио, тврди дека Португалија би имала поголеми шанси за успех ако играчите често мастурбираат.
Вера Рибеиро објави книга во која објаснува дека играчите многу подобро се носат со стресот ако редовно се самозадоволуваат.
-Мислам дека Португалија ќе има поголеми шанси за успех на Светското првенство ако селекторот Фернандо Сантош ги поттикне играчите да мастурбираат, вели сопругата на португалскиот голман.
Вера тврди дека не е добро кога селекторите им забрануваат секс на фудбалерите за време на големите шампионати. Тоа според неа не е добра одлука.
-Фудбалерите не треба да апстинираат пред натпреварите, не треба да се поврзува нивниот спортски дел со повеќе или помалку секс, вели таа.
Се чини дека таа во теорија знае се, сега остануваме да видиме какви настапи ќе има нејзиниот сопруг на Светското првенство.