петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Сопственикот на Челзи го купува француски Стразбур

Сопственикот на Челзи го купува француски Стразбур

Американскиот конзорциум „BlueCo“, кој лани го купи премиерлигашот Челзи, ќе ја презема контролата и врз францускиот фудбалски прволигаш Стразбур.

Англиските медиуми јавија дека сопственикот на Челзи, американскиот милијардер Тод Бојли и неговите соработници, за мнозинскиот пакет акции на Стразбур ќе платат околу 70 милиони евра.

„Овој договор претставува ново поглавје во историјата на Стразбур. Ни претставува чест да бидеме дел од овој историски клуб. Оваа стратешка инвестиција ќе ја зајакне нашата присутност во европскиот фудбал, заедно со нашиот удел во Челзи“, соопшти синоќа американскиот конзорциум.

Дел од навивачите на Стразбур не ја дочекаа со одобрување продажбата на клубот, а дел од нив се фотографираа со транспарент на кој пишуваше „Бојли, не си добредојден“.

Стразбур минатата сезона заврши на 15 место во француската Лига 1.