понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

СП 2022: Дјук ја задржа Австралија во трката за осминафинале

СП 2022: Дјук ја задржа Австралија во трката за осминафинале

Еден гол го реши победникот на првиот дуел од денешната програма на Светското првенство во фудбал.

Репрезентацијата на Австралија го совлада Тунис со 1:0, а стрелец на единствениот погодок беше Мичел Дјук во 23-тата минута од средбата.

Со овој триумф Австралија остана во трката за пласман во осминафиналето, но за влез во следната рунда и треба победа во мечот со Данска.