Светското првенство во фудбал во Катар започнува наредната недела и ќе биде можност за најдобрите фудбалери да стигнат до светска титула со своите репрезентации.
Наградата за титулата на светскиот собир е 42 милиони долари, но кога ќе се додадат 1,5 милиони што секоја репрезентација ги добива за подготовките, и уште девет милиони за учество во групната фаза, тогаш победникот ќе биде побогат за 52,5 милиони.
Поразениот финалист ќе добие 30 милиони, вкупно 40,5 милиони, третото место ќе донесе дополнителни 27 милиони, а четвртиот 25 милиони. ФИФА додели уште 209 милиони долари за обештетување на клубовите за учеството на играчите на Светското првенство.