понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Спалети: Фудбалерите на Наполи направија нешто одлично

Спалети: Фудбалерите на Наполи направија нешто одлично

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети ги пофали своите фудбалери по синоќешната победа над Ајакс со 4:2 во натпреварот од 4. коло во Лигата на шампионите.

– На моменти бев целосно задлабочен во песните на нашите навивачи. Јас сум тренер на фудбалери кои направија нешто големо со тоа што на теренот се претставија извонредно пред навивачите. Ја исполнивме целта – да се квалификуваме во плејофот и да продолжиме да играме во ова натпреварување.

Наполи е прв во групата А со 12 бода и со обезбеден пласман во елиминациската фаза. Ајакс е трет со три бода.