Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас минува низ релативно тежок период во Наполи, бидејќи нема улога на стартер, туку константно добива шанса од клупата за резервни играчи.
Порати тоа, Елмас пред неколку дена објави интересна фотографија, на која напиша: „Мојата прва љубов (клупата)“, алудирајќи на фактот дека е резерва. По победата над Болоња, тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, индиректно му одговори на Елмас.
„Уште еднаш, играчите кои влегоа од клупата се покажаа како клучни во натпреварот. Тоа покажува дека може да имате поважна улога како резервист, отколку да сте во стартниот тим. Сите се вклучени во проектот“, рече Спалети.
Оваа сезона Елмас има тринаесет настапи за Наполи, но на нив одигра „само“ 312 минути. Во Серија А на девет натпревари македонскиот играч за врска даде еден гол, додека во Лигата на шампионите е без учинок.