Познатиот италијански фудбалски тренер, Лучијано Спалети ја одбил понудата да застане на чело на Фиорентина, пренесува „Ла Газета дело Спорт“.
Според изворот, 61-годишниот стручњак не се согласил со понудата на „виолетовите“ бидејќи тој сè уште добива отштета од Интер кој пред истекот на договорот ја прекина соработката со него.
Интер мора да му исплаќа плата на тренерот до крајот на јуни 2021 година.
Спалети беше на чело на Интер од 2017 до 2019 година, по што го напушти тимот.